Научниците имаат се повеќе докази дека изворот на Ковид-19 треба да се бара надвор од Кина
Научниците кои се обидуваат да го утврдат потеклото на вирусот што го предизвикува Ковид-19 велат дека има се повеќе докази кои укажуваат на тоа дека истрагата треба да се прошири и надвор од Кина.
По првиот потврден случај на Ковид-19, што кинескиот град Вухан го стави во центарот на светската јавност во декември 2019 година, истражувачите кои се обидоа да откријат како и од каде потекнува вирусот што го предизвикува потенцијално смртоносното заболување, се концентрираа на Кина.
Најблискиот познат роднина на патогенот, со идентичен геном од 96 проценти, е другата форма на коронавирусот што беше откриена на почетокот на 2020 година во јужната кинеска провинција Јунан.
Неколку неодамнешни истражувања, меѓутоа, открија неколку вируси кои се речиси слични на SARS-CoV-2 како оној од Јунан, но појужно, во Камбоџа и Тајланд, пишува Гласот на Америка.
Вирусолозите од неодамнешната мисија во Вухан, испратена од Светската здравствена организација да го испитаат потеклото на Ковид-19, исто така, веруваат дека во следната фаза на истражување, Југоисточна Азија треба да се додаде во областа на интерес.
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
