Научниците ги повикаа владите да ја зголемат законската возраст за пушење на 22 години
На младите луѓе треба да им се забрани да купуваат тутунски производи до 22-годишна возраст, сугерираат научниците откако истражувањето покажало дека оние кои почнуваат да пушат пред 20-тата година потешко се откажуваат од цигарите.
Научниците веруваат дека законското зголемување на минималната возраст ширум светот може да ја намали зависноста од никотин. Тимот од Јапонија набљудувал 1.382 пушачи кои посетиле клиника за откажување од пушење во Кјото.
Пациентите биле поделени во две групи врз основа на возраста на која почнале да пушат – помлади од 20 години или 20 години и постари.
Вкупно 556 пушачи почнале да пушат пред да наполнат 21 година, што е законска возраст во Јапонија, додека 826 од нив почнале кога наполниле 20 години. Оние кои ја започнале оваа навика пред 21-та година пријавиле дека пушат 25 цигари на ден во споредба со 22 дневно во групата која почнала да пушат подоцна.
Оние кои почнале порано, исто така, имале повисоки респираторни нивоа на јаглерод моноксид во здивот. Од оние кои рано почнале да пушат, 46 отсто успешно се откажале, во споредба со 56 отсто од оние кои почнале да пушат на возраст над 20 години. Наодите беа презентирани на Конгресот на Европското здружение за кардиологија (ESC) 2023 година во Амстердам.
– Нашите резултати покажуваат дека раното започнување со пушење е поврзано со поголема зависност од никотин, дури и во младата зрелост, рече авторот Д-р. Коџи Хасегава од Медицинскиот центар Кјото.
– Студијата покажува дека зголемувањето на законската возраст за купување тутун на 22 или повеќе години може да доведе до намалување на бројот на зависници од никотин и изложени на ризик од негативни здравствени последици.
Во повеќето земји во светот мора да имате над 18 години за да купите цигари, додека во некои американски држави мора да имате најмалку 21 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица