Научници предлагаат молчење во метро и јавен превоз поради ширење на коронавирусот

Научниците вработени во Шпанскиот национален совет за истражување (ЦСИК) препорачуваат луѓето да молчат во метро и јавниот превоз за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Тие го објаснија ова мислење со фактот дека податоците укажуваат оти оваа мерка значително ќе го намали ризикот од зараза.
Со месеци експертите за епидемиологија и аеросоли ширум светот повикуваат на поостри мерки за спречување на ширење на коронавирусот низ воздухот, а покрај одржување растојание, хигиена и носење заштитни маски, се препорачува проветрување како една од клучните мерки за спречување на ширење на вирусот.
Истражувачката на ЦСИЦ, Марија Круз Мунгијон, ја истакна важноста на проветрувањето, но исто така рече дека треба да се почитува друга мерка – молчење во јавниот превоз.
– Би било идеално ако метрото иницира „постојана тишина“. Молчењето и добра соодветна маска го намалуваат ризикот. Ако зборувам на телефон или зборувам гласно затоа што е бучно во метрото, се емитуваат 50 пати повеќе аеросоли, истакна таа.
Таа објасни дека оваа мерка е многу важна, бидејќи во метро нема вентилација и оти ако некој има вирус и се вози со метро, важно е воздухот да биде што помалку загаден.
Исто така, истакнува дека оваа мерка треба да важи и за други видови јавен превоз.
Ново на Сител
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
