Научници ја модификуваа вакцината Спутник В за употреба против делта варијантата
Руските истражувачи соопштија дека ја модифицирале вакцината против коронавирус Спутник В, која се користи повеќе од една година, за употреба против позаразната делта варијанта.
– Вакцината што ја модификувавме веќе е во фрижидер, изјави Александар Гинзбург, директор на Институтот Гамалеја. Тој потенцираше дека е прерано да се зборува за ефикасноста на вакцината.
И останатите произведувачи на вакцини во светот веќе работат на измени на своите вакцини за да бидат поефикасни во борбата против делта варијантата.
Истовремено, Гинзбург се залага за употреба на Спутник лајт, како бустер вакцина за оние кои примиле две дози од Фајзер/БиоНТек.
Според официјалните податоци, досега во Русија се вакцинирани 41,5 милиони луѓе, или 28,4 проценти од населението, од кои 33,5 милиони двапати, што значи 22,9 проценти се целосно вакцинирани.
Европската унија сè уште работи на одобрување за Спутник V и во повеќе наврати ја критикуваше Русија дека не обезбедила доволно податоци за да придонесе за одобрување на вакцината на ниво на ЕУ. Сепак, земјите од ЕУ можат индивидуално да одлучат за употреба на Спутник В, како што го направи тоа Унгарија, додека во Германија оваа вакцина не се признава.
Ново на Сител
-

Полицаец во Куманово давајќи отпор при апсење со нож повредил колега
-

Две лица од струшко со пиштол ограбиле обложувалница
-

Симеоне: На чекор сме од уште едно финале
-

Повеќе паркинг - места и нова хуманитарна зона во општина Центар
-

Пожар на депонијата „Краста“ ставен под контрола – проблемот бара системско решение
-

Божиновска: Македонија во нова фаза на енергетската политика – на имплементација, резултати и одговорност
-

Поднесена кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда”
-

Условна осуда за тројцата полицајци од Кочани обвинети за неизвршување службена должност
