Научна студија: На океаните им нема спас
Дури и целосно да се запре „производството“ на јаглерод диоксид и постоечката количина да се оттргне од атмосферата, нема да се спречи изумирање на живиот свет во океаните, предупредуваат научници.
Обидот процесот на глобално загревање да се ублажи со оттргнување на јаглерод диоксид од атмосферата, најверојатно нема да спречи умирање на живиот свет во океаните, се вели во извештај на Институтот за изучување на климатски промени во Постдам во Германија.
Имено, регистрирано е дека океаните и понатаму би имале значително ниво на киселост поради растворањето на јаглерод диоксид од јаглеродната киселина.
- Дури и некако да ја сведеме количината на јаглерод диоксид на концентрација присутна во прединдустриското време, киселоста во океаните и понатаму би била околу четири пати поглема отколку во споменатиот период. Многу векови би поминале пред повторно да се воспостави рамнотежа во атмосферата, наведува Сабина Матезиус, водечки автор во студијата објавена во Нејчр Клајмат Чејнџ (Nature Climate Change).
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството