Научна средба за лобирање во Македонија, Србија и Црна Гора

Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска ја организира четвртата научна средба на тема „Интересни групи и лобирање во Македонија, Србија и Црна Гора“.
На научната средба, што ќе се одржи во Институтот, ќе бидат презентирани податоци од истражувањето реализирано како дел од студискиот престој на проф. д-р Анета Цекиќ на Универзитетот во Салзбург, Австрија.
Според програмата, ќе се обратат проф. д-р Мирјана Борота-Поповска и проф. д-р Ганка Цветанова од ИСППИ, Билјана Пеева-Ѓуриќ, директор на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора на Република Македонија. Предвидено е да се обратат и претседателот на Бизнис конфедерацијата на работодавачи Миле Бошков, Драге Јованоски од Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија и Јован Близнаковски, програмски директор на Институт за демократија „Социетас цивилис“- Скопје.
Ново на Сител
-

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
-

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
