Научна конференција за кризен менаџмент
Центарот за управување со кризи во соработка Американската амбасада и Универзитетот “Џонс Хопкинс“ од САД, денеска во Скопје организира меѓународна научна конференција на тема „Кризен менаџмент: Предизвици и перспективи“.
Целта на конференцијата е да ги собере на едно место научните работници и експерти од Република Македонија и од странство, заради размена на мислења и перспективи за најважните прашања поврзани со кризниот менаџмент, остварени преку интердисциплинарен пристап и дијалог помеѓу различните дисциплини и школи на мислење.
На конференцијата обраќање ќе имаат директорката на ЦУК Сузана Салиу, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, министрите за здравство и за внатрешни работи, Никола Тодоров и Оливер Спасовски и американскиот амбасадор Џес Бејли.
Ново на Сител
-
М. Брод останува една од најеколошките општини - повторно целосно возобновена пречистителната станица
-
Доцнат дрвата за огрев за штипските пензионери
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила