Научна дебата „Политиката и религијата“

Македонското политолошко друштво и Православниот богословски факултет-Скопје денеска на Православниот богословски факултет организираат научна дебата на тема „Политиката и религијата“.
Поздравни обраќања ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, деканот на Православниот богословски факултетпроф Ѓоко Ѓоргиевски и претседателот на Македонското политолошко друштво, Марјан Ѓуровски.
Воведничари на научната дебата ќе бидат митрополитот европски г. Пимен, проф. д-р Цане Мојаноски од Факултетот за безбедност, проф. д-р Хасан Џило од Факултетот за исламски науки и проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ, продекан на Богословскиот факултет-Скопје.
-Македонија е уставно декларирана како секуларна држава, но во исто време пет верски заедници и цркви се нотирани како институции, кои на еден или друг начин, се поврзани со историскиот контекст на државата. Во Македонија честопати во пракса во голем дел од настаните и процесите лесно може да се препознае блиската врска на религијата и политиката. Влијанието на религијата во политичките процеси е јасно препознатлива, а од друга страна исто така и влијанието на политиката во религиските процеси, се наведува во најавата за дебатата.
Ново на Сител
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
