-->
-->
Научен собир на млади македонисти
-->

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска и утре ќе се одржува 9. Научен собир на млади македонисти - Конференција во чест на Лилјана Минова - Ѓуркова.
На собирот над 30 млади научници од земјава и странство ќе се претстават со свои реферати, а по официјалното отворање ќе бидат промовирани зборниците од Седмиот и Осмиот собир.
Првиот научен собир се одржа на 20 и 21 мај 1993 година на иницијатива на проф. д-р Лилјана Минова - Ѓуркова од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Основниот концепт на собирот беше тој да претставува научна средба на млади научни работници чија прва или втора специјалнмост е македонскиот јазик. На досегашните собири учествувале над 350 млади научници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
-

СДСМ: Савевски работи по налог на Мицкоски
-

Николоски: Нови инвестиции во Охрид
-

Нова апаратура во „Мајчин дом“
-

О. Карбинци со четирикратно зголемување на средствата од данок на имот
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
