Натпреварувачот од квизот „Се или нешто“ го распамети банкарот
Синоќа во квизот „Се или нешто“ кој се емитува на Сител телевизија натпреварувачот Роберт, кој инаку работи како супервизор на обезбедување имаше интересна игра која го загрижи банкарот, но и Лила не остана рамнодушна.
Имено на Роберт кој беше решен да оди до крај, му беше понудено 320.000 денари по што тој ја прифати понудата а во неговата кутија имаше само 30 денари. Но она што ги изненади сите беше откако ја прифати понудата од 320 илјади денари, реши да игра со ризичната кутија со број 23 со која го преполови добиеното.
Неговиот храбар потег ги остави сите со подотворена уста, меѓу кои беше и Лила која призна дека ова била една од највозбудлиите игри и дека овој натпреварувач ќе остане запаметен.
Сепак и покрај тоа што ги преполови парите кои му беа понудени тој сепак си замина со 160.000 денари.
Ново на Сител
-
На ГП Богородица и ГП Дојран се чека околу 30 минути
-
Без струја дел од корисниците под обиколницата во Визбего
-
Петмина новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад врз Газа
-
Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе
-
Отпочнуваат градежните работи на обиколницата Крива Паланка, воведен времен режим на сообраќај
-
Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција
-
Сончево и многу топло време цела седмица
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција