Фудбал
2. January 2021 - 15:46

Натпреварот Барнли – Фулам одложен поради коронавирусот

Натпреварот од 17. коло во Премиерлигата меѓу Барнли и Фулам, кој требаше да се игра в недела, е одложен поради позитивни фудбалери на Ковид-19 во редовите на екипата од Лондон, јавија попладнево британските медиуми.

Ова е втор натпревар на Фулам што е одложен од почетокот на оваа недела поради позитивни фудбалери на коронавирус.

Во средата, на три часови пред почеток одложен беше натпреварот меѓу Тотенхем и Фулам, а како што пренесуваат локалните медиуми, бројот на заразени фудбалери во лондонскиот прволигаш сега е уште поголем.