НАТО создава два нови командни центри

НАТО ќе ги прошири операциите за прв пат од крајот на Студената војна, поради недоволната доверба кон Русија, а подготвува и подобрување на начинот на командување со своите трупи, вклучувајќи и создавање на два нови командни центри.
Министрите за одбрана на членките на НАТО, на дводневниот состанок кој денеска почна во Брисел, ќе го усвојат планот за создавање на два нови командни центра на Алијансата, еден за заштита на морскиот коридор, со кој војниците и опремата се транспортираат од САД преку Атлантикот, а другиот за надгледување на движењето на војниците во Европа.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека оваа воена алијанса „ја има командната структура која може да гарантира дека вистинските сили се на вистинското место со вистинската опрема во вистинско време".
Пред крајот на Студената војна, пред речиси 30 години, околу 22.000 луѓе работеа во 33 командни центри на НАТО, но нивниот број беше намален на помалку од 7.000, а бројот на командни центри беше седум.
- Ние ја намаливме командната структура на крајот на Студената војна, бидејќи тензиите спласнаа. Кога светот се менува и командната структура мора да се промени, рече Столтнерг.
НАТО распореди околу 4.000 војници во три балтички земји, во Естонија, Летонија и Литванија, како и во Полска, со цел да ги увери своите членки дека алијансата е подготвена да ги брани нивните граници од соседна Русија. Овие војници беа распоредени како одговор на руското спојување на украинскиот полуостров Крим на почетокот на 2014 година.
Столтенберг денеска не откри каде ќе бидат новите командни центри, но ја спомна Германија како можна локација. Полска е исто така една од можностите.
Португалија, Шпанија и САД се можни локации за новиот команден центар за Атлантикот.
Ново на Сител
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
