Македонија
29. јуни 2022 - 16:32

НАТО Самит - историски момент за Шведска и Финска

Сега е вистинско време НАТО да покаже зголемена солидарност и во рамките на алијансата во целост да го поддржи украинскиот народ во одбранатан а својата територија. Претседателот Пендаровски од НАТО самитот во Мадрид до порака. Борејќи се за уркаинската се бориме и за својата слобода

Во своето обраќање на состанокот на Северноаталанскиот Совет претседателот посочи дека за успешно справување со предизвиците, потребно е зајакнување и адаптирање на одбранбените капацитети на НАТО и во таа насока Македонија дава целосна поддршка на новиот Стратегиски концепт на НАТО, документ кој треба да ги даде насоките за идните задачи на Алијансата.
Самитот на НАТО поминува во светло на договорот кој Шведска и Финска го постигнаа со Турција вчера и со кој се деблокира патот до членството на овие две скандинавски земји. Ердоган се согласи да го повлече ветото откако Шведска и Финска потврдиле дека се подготвени да соработуваат со официјална Анкара во борбата со курдските организации во нивните земји а го повлекле и ембаргото за извоз на оружје во Турција
Во вакви услови, генералниот секретар очекува процедурата за прием на новите 2 членки да не се одолговлекува

НАТО самитот во Мадрид продолжува и утре а се очекува да заврши рано попладне со завршна прес конференција на генералниот секретар.