Свет
27. October 2016 - 14:55

НАТО го зацврстува присуството во Средоземно и Егејско Море

Министрите за одбрана на НАТО одлучија операцијата на Алијансата во Егејското Море да продолжи, а за две недели да започне нова операција во централниот дел на Средоземно Море, изјави на прес-конференција генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по завршувањето на дводневната министерска средба во Брисел.

Според него, операцијата во Егејското Море, која е насочена кон незаконското минување на мигранти во Европа, ја докажала својата политичка и практична корист.

Новата операција во Средоземното Море ќе го носи името „Морска стража“. Таа ќе биде преземена како поддршка на военоморската операција на ЕУ - „Софија“. Столтенберг нагласи дека Турција и Грција веќе изразиле подготвеност да испратат свои бродови за операцијата, а обезбедени се и разузнавачки авиони од сојузниците.