-->
-->
Натфрлен годишниот план за крводарувања во Крива Паланка
-->
Годишниот план за крводарувања на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце е веќе исполнет и е натфрлен со 55 единици крв, информираат од Општинската организација на Црвен крст, Крива Плаанка.
Секретарот на ОО на Црвен Крст, Крива Паланка, Дарко Пешовски, истакна дека продолжува традицијата на надминување на проектираните годишни бројки за собрани единици крв на териториите на двете општини.
- Годишниот план за 2015 предвидува да бидат собрани 711 крвни единици, апланот е веќе надминат со 55, бидејќи досега на 19 крводарителски акции се собрани вкупно 766 единици крв. Само во месец септември во крводарителски акции собрани се 124 крвни единици, а до крајот на годината останува во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје да бидат спроведени уште седум акции, изјави Пешовски.
Тој потенцира дека кривопаланчани редовно ја покажуваат својата хуманост со дарувањњто крв поради што оваа општинска организација, додаде, редовно е меѓу најуспешните во републиката во реализацијата на годишните активности за крводарување.
За сите кои сакаат да даруваат крв, следната крводарителска акција ќе се одржи на 7 октомври, во просториите на локалната самоуправа на општина Крива Паланка. Акцијата е традиционална и се органзиира по повод 8. октомври, празникот на градот, денот на ослободување на Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара