Натали Точи: Нема безбедност во ЕУ ако нема на Зпаден Балкан
Европската безбедност не може да биде без демократија, просперитет и безбедност на Запден Балкан, изјави Натали Точи, специјална советничка на Федерика Могерини, висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
– Западен Балкан е составен дел од Европа, а тој еден ден ќе биде и составен дел од ЕУ. Според тоа, европската безбедност зависи од Западен Балкан, колку и од членките на ЕУ. Не може да има европска безбедност без демократија, просперитет на Западен Балкан, изјави Точи за Јуропиан Вестерн Балканс.
Таа додаде дека никогаш не слушнала европски официјален претставник или политички лидер јавно или зад затворени да сугерира дека Западен Балкан нема да биде дел од Унијата.
– Процесот на членство е многу моќно надворешнополитичко оружје, но целта за Западен Балкан е само проширување, изјави Точи.
Во врска со улогата на надворешните актери на Запден Балкан, пред се Русија и Турција, таа вели дека „навистина е клучно ЕУ да зајакне отпорноста на Западен Балкан дозволувајќи им на државите од регионот да пружат отпор и да се оддалечат од надворешното дестабилизирачко влијание“.
- ЕУ е свесна за фактите дека проширувањето не е неминовно и оти заморот од ЕУ може да почне да се чувствува на Западен Балкан. Според тоа, потребата на ЕУ е денес да се даде конкретна корист за граѓаните на Западен Балкан за да се обезбедат реформи во регионот со еднаква брзина, нагласи Точи.
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор