Македонија
25. September 2024 - 12:35

Настрада пешак по судар на автомобил и автобус во Скопје

Вчера во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(27) од Скопје и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(65) од село Стајковци, скопско, при што бил удрена и 26-годишната Е.Ф. од Скопје (пешак), соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Ф., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.