Македонија
4. September 2017 - 13:05

Наставата во општина Гостивар започна во сите училишта

Во Гостивар новата учебна година започна во сите единаесет основни и четири средни училишта и во подобрени услови, информираат од секторот за образование во општина Гостивар. Конечната бројка на запишани првачиња се очекува да биде позната нареднава недела и таа да надмине 700.

 На првиот час на околу сто првачиња во ОУ „Единство“ во Гостивар, присуствуваше и градоначалникот Невзат Бејта, кој на дечињата им посака успех во школувањето и ги истакна заложбите на локалната самоуправа да се подобрат условите во училиштата.          

 - Децата се нашата иднина и иднината нашиот град, а таа зависи од нив. Токму затоа вреди да се инвестира во нив и условите во кои ќе образуваат. Како локална самоуправа изминативе години вложивме многу во подновување и реконструкции на училишните згради, рече Бејта на свеченоста на првиот училишен час во ОУ „Единство“

 Вкупната бројка на ученици кои ќе посетуваат настава во новата учебна година во основно и средно образование во општина Гостивар се очекува да биде околу десет илјади.