Балкан
31. July 2018 - 16:40

Настана хаос во Нови Сад: Луѓето итно евакуирани од базенот, ова е причината

Посетители на отворени базени на новосадското Сајмиште евакуирани се денеска по 13 часот, јавија локални медиуми.
 
Причина за тој потег на полицијата е најверојатно проблеми со количината на хлор во базените.
 
На терен се полициски возила, пожарникари и амбулантни возила.