Наскоро тендер за третата фаза од пругата кон Бугарија, најавува Локвенец
Во завршна фаза е подготовката на тендерската документација за надзорен инженер и за техничка помош, како и за градба за последните 24 километри од железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија. Со поддршка на сите владини институции и на Мисијата на ЕУ во Скопје, ја подготвуваме документацијата, а очекувањата се дека за скоро време ќе биде објавен тендерот и до крај на годината ќе имаме избран изведувач, вели во интервју за МИА Хари Локвенец, директор на ЈП Железници на РСМ Инфраструктура.
Со него разговаравме по повод претстојниот јубилеј – 150 години железнички сообраќај во државава.
Тој вели дека е евидентен прогресот на тековните активности за првите две фази од пругата кон Бугарија, а очекува изведувачите да ги завршат овие проекти во предвидениот рок.
Во интервјуто, Локвенец се осврнува и на подготовките за тендерот за третата фаза и експропријацијата за тој дел, а до крајот на 2027 година очекува да го завршиме нашиот дел од источното крило на железничкиот Коридор 8. Најавува дека до крајот на мај ќе биде завршена реконструкцијата на дел од Коридорот 10 на потегот од Ногаевци до Неготино.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана