Наскоро нови американски санкции против Русија
Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска соопшти дека САД ќе воведат нови санкции против транснационалната мрежа на поединци и компании кои работат на набавка на воени технологии кои се користат за руските воени дејствија во Украина.
На маргините на самитот на Г20 на Бали, Јелен изјави дека санкциите ќе бидат насочени против 14 физички лица и 28 деловни субјекти, вклучително и финансиски посредници, но одби да даде детали за тоа каде се наоѓаат и најави дека наредбата ќе биде издадена подоцна денеска.
– Ова е дел од нашите засилени напори да ги запреме воените активности на Русија и, преку санкции и извозни контроли, да ѝ се ускрати на Москва потребната опрема, рече Јелен, одбивајќи да даде детали за тоа кон кои технологии ќе бидат насочени новите санкции.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
