Наскоро ќе започне испораката на жито од Украина, потврдуваат турски и руски претставници

Првите количини украинско жито би можеле да бидат натоварени на бродовите оваа недела, а потоа ќе започне извозот на жито, објави неименуван турски претставник.
„Нема да поминат повеќе од неколку дена. Се чини дека оваа недела ќе се натоварат првите зрна и дека ќе се изврши извозот од Украина“, вели турскиот функционер. Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко потврди дека првите бродови со украинско жито наскоро би можеле да испловат кон Црното Море.
Сепак, тој предупреди дека договорот за деблокирање на извозот на украинското жито, постигнат со посредство на Турција, може да пропадне доколку наскоро не се отстранат пречките за извоз на руски земјоделски производи.
„Судејќи според она што го велат нашите колеги од Турција, каде што се наоѓа (заедничкиот) координативен центар, се очекува во блиска иднина да започнат испораките, барем од Украина“, рече Руденко. Тој изрази надеж дека договорот за жито ќе опстане.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
