Наскоро јавна дебата за реформите во прво, второ и трето одделение
Новата Влада е определена кон одржливи решенија во образовниот систем, во којшто досега многу се експериментираше, а најголема штета претрпеа децата, учениците, студентите... Наша обврска број еден е да им овозможиме на децата индивидуални знаења. Така се станува добар механичар, но и врвен научник, истакна денеска премиерот Зоран Заев на конференцијата „Квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина“, во организација на УНИЦЕФ и МОН.
- Нашите ученици учат многу предмети, а имаат лоши знаења, рече Заев.
Посочи дека Владата преку Министерството за образование и наука (МОН) почнала со ревизија на наставните планови и програми и на учебниците, како и на менување на законите што се однесуваат на образованието. Македонија, посочи, е претставена во меѓународните студии ПИСА 2018 и ТИМСС 2019, каде се користат тестови преку кои учениците треба да покажат што знаат, но и за практичната применливост и разбирањето на нивните знаења.
- Така ќе ги утврдиме и факторите поврзани со постигнувањата на учениците и ќе ги нотираме конкретните фактори што донеле до послаби резултати, рече Заев.
Меѓу другото, се планира намалување на бројот на предмети во училиштата за учениците да можат да ги стекнуваат знаењата главно таму, за да имаат повеќе слободно време. Фокусот исто така е и кон квалитетно средно стручно образование и повеќе пракса. Во високото образование, се размислува за пократки студиски програми, од три години.
Предмет на разггледување, како што кажа Заев, е и оценувањето на децата од рана возраст, како и воведувањето повеќе спорт во училиштата, иновации во наставата...
Образложувајќи ги реформите во основното образование, министерката за образование и наука Рената Тренеска Десковска истакна дека наскоро на јавна дебата ќе биде ставен материјалот за реформи во првите три одделенија од основното образование.
- Целта е да се понуди образование што ќе биде прифатено од децата и кое што ќе им понуди квалитетно образование особено во делот на јазичната и математичната писменост каде што Македонија е всушност и најслабо рангирана, рече министерката која додаде дека дали овие промени ќе бидат најнапред воведени во пилот училишта или не зависи од јавната дебата.
Странува збор, појасни таа, за измена на целокупниот наставен план за прво одделение како наставните содржини што се учат, оптеретеноста на децата, фокусот, методите на учење... Возраста за почнување на децата на училиште нема да се менува.
Во однос на проемните на системот на оценување што го најави премиерот, Дескоска Треневска кажа дека треба да се оценува суштинско знаење и извлекување заклучоци. - Тоа ќе биде дел од вкупниот пакета на реформите, рече министерката.
Тренеска Дескоска имаше исто така обраќање на тридневната Конфереција „Квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина“, чија цел е да се отвори јавна дебата за тоа како најдобро да се забрза реформата во образованиот систем и да се подобри квалитетот на образованието за да се намали јазот меѓу земјата и успешните образовни системи.
Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, истакна дека децата треба да се подготват за свет кој никогаш не престанува да се менува и токму затоа реформите во образовниот сектор не значат премин од една статична положба во друга, туку постојан и континуиран напор на падаговијата да остане во чекор со промените.
На конференцијата присуствуваат околу 500 учлесници кои ќе имаат можност да слушнат меѓународни образовни експерти, реномирани лидери и поборници за квалитет, рамноправност и ефикаснсот на образовните системи. Присуствуваат и експерти на Светската банка, УСАИД, ОЕЦД, како и од Словенија, Хрватска, Албанија и Србија.
Ново на Сител
-
Вучиќ: САД за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија
-
Земјотрес во Косово почувствуван и во Македонија
-
Израелската војска соопшти дека нападнала команден штаб на Хамас, сместен во училиште
-
Русија го блокира Вибер
-
Сириските Курди тврдат дека нема преговори меѓу СДФ и новата влада во Дамаск
-
Магла на Ѓавато и Плетвар
-
Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег
-
Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал