Насилно удрил оштетено лице во нозете и му го украл телефонот во такси, кривична против 40-годишник

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Тешка кражба на дрзок начин, согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Обвинителството, осомничениот, на 4 октомври во вечерните часови, спроти катна гаража на улицата „Мирче Ацев“ забележал две лица од Валандово додека влегувале во такси возило. Им пришол од зад грб и насилно им ја отворил вратата, а потоа со клоци го удрил едниот оштетен во нозете, така што на оштетениот му испаднал мобилниот телефон. Осомничениот го одзел телефонот и се дал во бегство, стекнувајќи се со противправна имотна корист во износ од околу 6.360 денари.
Поради ризикот од бегство и околностите кои укажуваат на можноста осомничениот да го повторува делото, особено имајќи предвид дека претходно повеќепати е осудуван за кривични дела против имотот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопшти Обвинителството.
МИА
Ново на Сител
-

Канаѓанка ја тужи ЦИА поради „тајни експерименти“ во болница
-

УХМР најавува нестабилно време, од вторник дожд и силен ветер
-

Сиљановска-Давкова на свечената академија по повод 100 години „Љуботен“: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење
-

Со 1,54 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци, приведен 41-годишник
-

Приведен 40-годишен велешанец, управувал возило со 94 километри на час на место каде е дозволено 40
-

Зеленски денеска во посета на Грција – грчката полиција забрани протести во Атина
-

Митрашиновиќ влезе во историјата на македонската кошарка
-

АХВ спроведе засилени контроли кај операторите со храна во близина на училиштата
