Насилник од Пробиштип лишен од слобода- се заканувал со секира и правел штета во училиште
На 09.01.2024 од страна на полициски службеници на Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал Скопје, полициски службеници од ОСОСК и СВР Штип, во содејство со САЕ Тигар, по претходно издадени судски наредби, извршени се претреси на пет локации во Пробиштип и една локација во Штип, при што од слобода е лишен Љ.Н. (43) од Пробиштип, соопшти МВР.
Љ.Н. на 21.12.2023 околу 13.00 часот со секира влегол во училишниот двор на Средното општинско училиште „Наум Наумовски Борче“ во Пробиштип и им се заканувал на вработените, со спреј пишувал пораки со заканувачка содржина по надворешните ѕидови од училиштето, по што уништувал предмети и инсталации во ходниците на училиштето и се обидел да ја скрши вратата од канцеларијата на директорката на училиштето. Потоа Љ.Н. влегол во зградата на Центарот за социјални работи во Пробиштип каде упатувал закани по животот на вработените. Против Љ.Н. е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство, а се преземаат и дополнителни мерки во врска со овој случај.
Ново на Сител
-
ДУИ со видео од Ахмети во УЧК униформа: Дајте ми го мечот, никогаш не сум изгубил војна
-
Дел од општина Бутел без вода
-
Набавена нова опрема за Одделот на неонатологија при Детската клиника
-
Таравари: Немам информација дека некој од рентген апаратите не работи, матичните педијатри да не ги испраќаат сите свои пациенти на Педијатрија
-
Угостителските услуги во 2024 година поскапеле за 5,6 отсто
-
Пренатрупаност во словенечките затвори, со пополнетост од 130 отсто
-
Превентивна активност за заштита од екстремни температури на скијачкиот центар „Михајлово“
-
Дуда бара гаранции дека Нетанјаху нема да биде уапсен доколку го посети Аушвиц