Џет-Сет
28. January 2016 - 11:49

Нашата Антонија ги разбуди и најдлабоките емоции во Пинкови Ѕвездички

Младата скопјанка Антонија Гиговска со уште еден настап во музичкото талент шоу Пинкови Ѕвездички повторно успеа да ги фасцинира сите.
Таа ја изведе „Hero“ од Мараја Кери и го занеме популарното петчлено жири.
 
-Ова твое пеење беше беспрекорно, искоментира Гоца Тржан по настапот на Антонија.
 
Погледнете ја најавата за дваесет и првата епизода од ова шоу и бидете горди на нашата неверојатна Антонија.
Гледајте Пинкови Ѕвездички на Сител телевизија во недела во 21:00 часот.