Населбата Дреновец во Тетово се соочува со недостиг од вода за пиење
Жители на Тетово од населбата Дреновец алармираат дека недостигот од вода со кој се соочуваат може да биде причина за блокади на патиштата во тој реон, доколку не се надмине проблемот.
Станува збор за делот од Дреновец, над регионалниот пат и над стадионот во правец кон селото Ѓермо каде има стотина куќи и други објекти изградени во осумдесетитте и деведесетите години.
-Со проблемот се соочуваме со години. Не помогна ниту новиот водоснабдителен систем. Многу куќи имаат хидрофори и ја земаат водата. Сметаме дека проблемот е во тоа што се користи и за наводнување и миење возила и за дворови, вели Зелфи Емини.
Според него за населбата Дреновец има повеќе решенија за подобро водоснабдување кои ги понудиле до Општината.
-Може да се направи еден помал базен за вода до едно место каде има поголем притисок. Може вода да се донесе и од шумата околу Ѓермо, но тоа е поскапо. Мора да се направи нешто инаку ние ќе бидеме приморани јавно со блокади да го искаже револтот, вели Емини.
Од Јавното комунално претријатие велат дека сега вода има доволно, но голем проблем е несовесното користење. Велат дека ги предупредиле фирмите кои работат со вода.
-Водата мора да се користи само за пиење, а не за друго. Сите кои имаат потреба од наводнување или перење возила техничка вода има бесплатно, а ја има во кругот на Тетекс, изјави Џелал Цека, директор на Јавното комунално претријатие.
Од ЈКП велат дека во текот на летото и дефектите на водоводната мрежа се причина за неколкучасовни прекини во снабдувањето што по санирањето продолжува. Во моментов има 500 литри вода во секунда.
Ново на Сител
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран