Живот
12. February 2020 - 16:48

НАСА: В сабота Земјата ќе биде изложена на сериозна закана од Вселената

Голем астероид, долг околу еден километар, опасно ќе се приближи до нашата планета в сабота, 15 февруари, објави НАСА. Проценките велат дека е потенцијално катастрофален, затоа што во случај на удар, карпа со таква големина би можела да убие милиони луѓе во поширокиот регион и да предизвика трагедија на глобално ниво.

Астероидот со кодно име 2002 PZ39 патува со брзина поголема од 50.000 километри на час. НАСА објави дека треба да биде во точка најблизу до нашата планета в сабота во 11 часот и пет минути претпладне.

Проценетите димензии на вселенската карпа се 990 на 440 метри, големина чие влијание, како стандард, остава значителни последици.

„Ако објект поголем од 25 метри, а помал од еден километар, удри на Земјата, тоа веројатно ќе предизвика локална штета во областа на ударот. Секое поголемо небесно тело, со волуменн од еден до два километра, би можело, сепак, да има глобални ефекти”, наведува НАСА.

Астеродидот ќе помине на оддалеченост од Земјата од 5,77 милиони км. За експертите тоа значи дистанца која ги изложува луѓето на потенцијална опасност.

НАСА посочува дека откако, најверојатно, ќе ја заобиколи Земјата, астероидот 2002 ПЗ39 ќе продолжи по Сончевиот систем и ќе појде кон Венера, на која би требало да се приближи на 14 јуни 2034 година. Но тој датум нема да значи и трајна разделба со Земјата, бидејќи истиот астероид од Венера повторно ќе се врати кон нашата планета.