НАСА тврди дека открила „Супер Земја“

Планета, оддалечена околу 31 светлосна година од нас, снимена од сателитот на НАСА „Тес“, според научници кои ги проучувале снимките, може да има идеални услови за живот.
НАСА ја именувала „ГЈ 357д“, но истражувачите ја нарекоа „Супер Земја“ под претпоставка дека на неа има слични услови како на Земјата, само што таа е многу поголема од нашата планета.
„Семтаме дека ова е прва блиска„ Супер Земја “ на која луѓето би можеле да живеат“, рече д-р Лиза Калтенгер, која го водеше ова истражување. „Поради густата атмосфера на планетата, може да се задржи вода на тамошната површина, како на Земјата, и се надеваме дека во следните снимања ќе можеме да регистрираме и знаци на живот“, додаде Калтгер.
Дијана Косаковски од Институтот Макс Планк за астрономија во Хајделберг, која е коавтор на специјална студија за астрономија и астрофизика, смета дека новооткриената планета е во надворешната орбита околу својата sвезда и дека прима приближно иста количина енергија колку што стигнува до Марс од Сонцето.
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
