НАСА: Откриени услови за живот на две месечини во Сончевиот систем
Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) соопшти дека открила докази за постење на услови за живот на две месечини во Сончевиот систем.
Станува збор за месечината на Сатурн, Енцелад и за природниот сателите на Јупитер, Европа.
Како што соопшти вечерва НАСА, нејзиниот телескоп „Хабл“ на Европа регистирал „веројатни извори на гејзери“, за кои се препоставува дека се формирани од хемиска енергија со која може да биде создаден живот.
Во исто време, како што објави списанието „Сајнс“, вселенската сонда на НАСА, „Касини“ открила докази за хидротермална активност на сатурновата месечина Енцелад, што наведува на заклучокот дека на неа има услови за постоерње на живот,
Сондата во октомври 2015 година зела примероци од Енцелад, за кои сега е утврдено дека содржат елементи на вода и мраз, што укажува дека под замзрнатата површина на сателитот постои океан.
Со ова откритие Енцелад е единственото место во Сончевиот систем покрај Земјата, на кое научниците нашле директни докази за услови за постоење на живот.
- Ова сознание наведува на фундаменталниот заклучок за можноста за посотење на живот на Енцелад, изјави геохемичарот Џефри Сиволд од Окенографскиот институт „Вудс Хол“ од Масачусетс.
Ново на Сител
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште
-
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Авион со 67 патници се урна во Казахстан | ВИДЕО
-
Два пожари во Кумановско - штетата допрва ќе се утврдува
-
Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина; тројца ранети во Харков
-
Божиќна честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов