НАСА: На Марс пронајдени органски молекули, што може да значи постоење на живи организми

На Марс се откриени нови знаци на можни минати или дури и сегашни форми на живот на Црвената планета, соопштија експерти од НАСА.
Возилото за истражување на Марс „Куриозити“ открило органски молекули со непознато потекло во поранешно корито на река со старост од три милијарди години и на длабочина од 5 см, што може да значи дека некогаш на Марс постоеле услови за развој на форми на живот, соопштија претставници на вселенската агенција на САД.
Експертите прецизираа дека откриените органски соединенија не се нужно поврзани со живот на некакви суштества и може да се формирале и без учество на организми.
Сепак, останува можноста дека некогаш Марс бил населен од микроорганизми или дури тие се уште да постојат на планетата, посочуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
