НАСА: Ќе не погоди астероид кој ги „збриша“ диносаурусите

Доколку гигантски астероид се движи кон планетата Земја, не постои нешто што луѓето можат да направат за го спречат, предупреди доктор Џозеф Нут од НАСА центарот Годард Спејс на минатонеделната конвенција на Американскиот геофизички сојуз.
Тој истакна дека Земјата е релативно неподготвена за удар на астероид, а посебно сме без било каква одбрана доколку се случи удар на астероид со димензии на оној кој го предизвикал истребување на диносаурусите.
Иако се ретки, опасните астероиди и останатите вселенски тела доаѓаат оприлика на 50 до 60 милиони години.
-Би можеле да речеме, дека дојде ред на такво нешто, нагласи Нут.
Се смета дека диносаурусите изумреле пред околу 66 милиони години, откако астероид широк 10 километри го погодил подрачјето кое денеска е Мексиканскиот залив.
Најблискиот „контакт“ со комета во неодамнешната историја Земјата имала во 1996 година и повторно во 2014, кога еден поминал поред нас во непосредна оддалеченост од Марс.
Да не сме имале среќа и астероидот да тргнел директно кон Земјата, веројатно не би имале доволно време да се подготвиме за неговиот удари, изјави Нут кој смета дека за евентуално уништување на астероид потребни се барем две вселенски мисии.
-Имаме технологија со чија помош можеме да оттргнеме астероид скоро со било која големина од неговата траекторија. Првата задача би била да се испрати роботска сонда спрема астероидот која би го погодила а следната мисија би била пропратна и би вклучувала „гравитациски трактор“ односно вселенски брод кој би летал до астероидот и би го оттурнал подалеку од Земјата со помош на гравитацијата. Таквата стратегија би функционирала доколку ширината на астероидот е 400 метри. Поголемите астероидни карпи би барале неколку удари со сонди и обиди да се уништи астероидот.
Ново на Сител
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
-

14-годишник возел мотор во спротивна насока, кога ја видел полицијата го оставил и избегал
