„Народот да види кој е миленик и колкав ‘п…р’ е Вучиќ“

Во неделата Партизан ја победи Црвена ѕвезда со 2:0 во 161. вечно дерби. По мечот, како и секогаш, двете страни се расправаат преку медиумите.
Од Црвена ѕвезда се лути бидејќи сметаат дека им е поништен регуларен гол при резултат 0:0, а генералниот директор на клубот, Звездан Терзиќ, рекол дека Партизан ја труе јавноста со лагите дека „Црвена ѕвезда е милениче на државата“.
Расправата околу тоа кој добил колку пари од државата за покривање на разни долгови отишла предалеку кога во неа морал да се вклучи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Државата ја користат за да ги оправдаат своите порази или да ги слават своите успеси. Кога ќе се вратам во Белград ќе ги објавиме комплетните бројки, за да може народот да види кој е миленик и колкав ‘п…р’ е Вучиќ“, рекол српскиот претседател и напоменал дека ќе ги објави точните бројки.
„Потоа на многумина ќе им биде непријатно. Јас ќе зборувам поради вистинските навивачи, а не поради политичките активисти што седат на западната трибина. Да знаат вистинските навивачи што се случува и колку пари сме им дале. Нема да бидам на ова место доколку некој ме демантира и за еден динар. Народот ќе каже и ќе прашува, зошто сме им дале толку многу пари. Народот мисли дека тие немаат ништо, дека умираат од глад…“, рекол Вучиќ.
Извор: Макфакс
Ново на Сител
-

Запален автомобил во подземниот паркинг на К-мол во Ѓорче Петров
-

Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици
-

Македонските фудбалерки против Андора стартуваат во Лигата на нации
-

Руската вакцина против рак со охрабрувачки резултати кај првиот пациент, следуваат уште 120 пациенти до 2027 година
-

Вработен во ДЗС осомничен за примање поткуп од 32.000 денари, Обвинителството бара притвор
-

Вучиќ: Не можат да ме победат со аргументи, ќе се обидат да ме убијат, уапсат или лустрираат
-

Ужас на ГАК: На бебе старо два дена со ножици му отсекле дел од прст при отстранување инфузија
-

Струмичанец пријавен за измама: Зел 1.200 евра за миксета од Германија, но не ја испорачал
