Народниот правобранител оформи предмет за смртта на деветмесечното бебе
Народниот правобранител ќе го испитува случајот со деветмесечното бебе кое почина од компликации од туберкулоза во саботата на Детската клиника.
Омбудсманот формирал предмет и ќе бара одговори, како родителите се грижеле за детето, што презеле социјалните служби и дали има пропусти во здравствените установи.
На прашањето од Сител од ДСЗИ одговорија дека засега не планираат да извршат вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде било родено, вакцинирано и третирано бебето.
- Од здравствен дом Куманово информираат дека детето во добра општа состојба ја примило оваа вакцина на 20.10.2022г. При прегледот не бил воопшто даден податок дека мајката е болна, ниту во евиденцијата имало таков податок. Според податоците, детето е родено во 35та гестациска недела со тежина 1 кг и 740 грама, додека на прегледот имало 3.300грама.
На истата тежина детето останало и 4 месеци подоцна пред да биде хоспитализирано на Детската клиника.
Министерката за труд и социјала изјави дека стручен тим Центарот од Куманово констатирал дека семејството на деветмесечното бебе живее во добри услови и не биле евидентирани како социјално загрозени.
- Она што морам да го истакнам е дека другите три деца се во добра состојба, со развиени хигиенски навики, добри ученици во училиштето. Значи, не се работи за запоставување на децата од страна на семејството. Семејството е стигматизирано во моментов и децата и мора да работиме на тој сегмент за да можеме да ги заштитиме од секакви понатамошни стигми од околината, изјацви Јованка Тренчевска, министер за труд и социјална политика.
Според информациите на Сител, мајката на починатото бебе е хоспитализирана на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ поради компликации од туберкулозата, таткото бил негативен на тестот, а на останатите деца од семемејството на 4,6 и 8 години во текот на денот во детската болница Козле ќе им бидат направени дополнителни испитувања за да се утврди дали се болни за да може да примаат терапија или се само носители инфекцијата.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар