-->
-->
Народни верувања: Што ќе се случи ако не го испиете пијалокот на гости, со сонот првата ноќ во нов стан, прв пат ќе земете бебе в раце…
-->
Од секогаш се верувало дека некои појави можат да ги предвидат случките кои следуваат. Постои голем број на непишани правила кои се однесуваат на работите кои можат да донесат несреќа или среќа. Во зависност од тоа колку сте суеверни, ќе се водите по одредени „прописи“.
Колку пати само сте слушнале „мрдни се од место“ или „чукни во дрво“? Во продолжение следуваат некои народни верувања во кои повеќето луѓе, сакале да признаат или не, сепак веруваат.
1.Не оставај неиспиен пијалок на гости, така им оставаш расправија во домот.
2. Кога ластовица ќе направи гнездо на кровот од куќата, во тој дом ќе дојде мир и спокој.
3. Тоа што ќе го сонуваш првата ноќ во нов стан, ќе ти се исполни. Исто така, кога прв пат ќе спиеш во туѓ кревет,запомни што си сонувал, ќе ти се исполни.
4. Доколку уште рано наутро ти се случи некоја незгода, тој ден не започнувај ништо важно.
5. Каде масата се ниша, во тој дом жената го има главниот збор.
6.Кога гостинот си заминува од домот, а при тоа воопшто да не седнал, се верува дека го однел мирот од домот. Исто така, каде што има женски деца, гостот треба да седне барем на пет минути
7. Скршена чаша- доколку во домот ви се скрши чаша, тоа навестува среќа.
8. Кога прв пат земате бебе во рака, замислете желба. Во рок од година дена ќе ви се исполни.
9. Јајце со две жолчки значи дека наскоро некој ќе се венча, црни точки на жолчката се лош знак, додека јајце без жолчка преставува неверојатно лош знак и голема несреќа
10. Доколку девојка му подари часовник на момчето или обратно, за нив времето ќе застане- им следува раскинување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи