Народната банка ќе ги објави новите макроекономски проекции

Народната банка денеска на прес-конференција ќе ги соопшти најновите макроекономски проекции. Показателите за новитепроекции ќе ги презентира гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.
Според последната проекција на Народната банка во април растот на економијата за годинава е предвиден на 3,5 отсто. На последната седница Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка оцени дека очекува да се достигне овој раст од 3,5 отсто.
Статистичките податоци покажуваат раст на економијата во првиот квартал од 4,1 и во вториот квартал од 3,1 отсто. Народната банка оценува дека поволни движења во економијата има и во третиот квартал.
За наредната година, според последната проекција, се очекува забрзување од 3,8 отстсо и четири отсто во 2021 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
