Народната банка ја зголеми основната каматна стапка за 0.25 проценти - ќе пораснат ли каматите на кредитите
Ќе поскапат ли кредитите? Народната банка донесе одлука да ја зголеми основната каматна стапка на благајничките записи за 0, 25 поени. Оваа камата е показател, во кој правец треба да се движат и останатите каматни стапки. Експертите не очекуваат ваквиот потег веднаш да ги поскапи кредитите, затоа што ревидирањето е мало. Но, велат дека се ќе зависи од глобалните случувања но и од чекорите кои ќе ги преземат самите банки.
Според Петрески, одлуката на Централната банка е заштитна мерка , за да се спречи поголем инфлаторен притисок.
Со одлуката на НБРМ, референтната каматна стапка се зголемува од 1, 25 на 1, 5 проценти. Ова е прво поместување во нагорна линија по подолг период.
Отактко во март и федералните резерви на САД ја зголемија референтната камата и најавија дополнителен раст од мај, и европската централна банка се очекува да преземе слични чекори.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар