Народна банка: Денарот е и ќе остане стабилен, нема промени во девизниот курс

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, нагласува Народната банка по објавите во некои медиуми и на социјалните мрежи во кои се коментираат девизните курсеви на онлајн платформи.
Народна банка апелира на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации бидејќи секое произволно толкување на информациите во врска со домашната валута може да креира негативни ефекти врз домашната економија.
– Апелираме онлајн-платформите да не се користат како релевантен извор на информации и нивното прикажување на виртуелни пресметковни курсеви да не се смета за релевантен податок. Овие платформи не ја прикажуваат вредноста по која странските валути се купуваат на домашниот пазар, односно кај банките и менувачниците, нагласуваат од Народна банка.
Оттаму посочуваат дека единствен релевантен извор на информации според кој населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута е курсната листа што ја објавува централната банка на својата веб-страница –www.nbrm.mk.
– На курсната листа што е во важност во моментов, средниот курс на еврото во денари изнесува 61,69 денари, посочуваат од Народна банка додавајќи дека располагаат со низа инструменти со кои гарантираат дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен и оти девизните резерви се на високо ниво и тоа двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година.
Ново на Сител
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
-

Македонија над европскиот просек: Кај нас има повеќе работоспособни луѓе отколку во ЕУ
-

Европските демократии се под закана како никогаш досега, вели германскиот претседател
-

Рускиот гас би можел да се врати во Европа додека во Украина сè уште трае војната
-

Советници на Трамп работеле за Додик, Трамп вели: Ако има судир на интереси, веднаш ќе ги отпуштам
-

Сончево и релативно топло со мала локална облачност
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
