Народен правобранител: Да се развива свеста за толеранција кај децата и да се елиминира насилството
Народниот правобранител по повод 20 Ноември - Светскиот ден на детето испрати соопштение во кое истакнува дека сите треба да работиме на развивање на свеста за толеранција кај децата и за елиминирање на секаков вид насилство.
- Од круцијално значење за идните генерации е да се создаде амбиент на соживот, почитување на рaзличностите со цел создавање на општество во кое секое дете ќе знае дека дијалогот, а не насилството, е основа за решавање на кој било проблем. Свесни сме дека за да има хармоничен развој на личноста на секое дете, треба да создадеме услови тоа да расте во здрава семејна средина, во пријатна атмосфера исполнета со среќа, љубов и разбирање. Токму тоа не задолжува децата да ги третираме како рамноправни на нас возрасните, како активни субјекти и носители на права и обврски, се вели во соопштението.
Овој ден, вели Народниот правобранител, нека биде поттик за сите кои работат со децата или во нивни интерес посериозно и попосветено да продолжат со активностите за подобрување на состојбата со правата на децата така што ќе ги вклучуваат во сите активности и ќе го слушаат и почитуваат нивното мислење.
Народниот правобранител апелира и до родителите, да водат сметка посебно во процесот на воспитување на децата дека почитувањето на традицијата не секогаш значи почитување на најдобриот интерес на детето.
Ново на Сител
-
Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД
-
Добри пари за добар фудбал | Масар Омерагиќ | Неформално | Sitel Podcast 100
-
Стотици илјади луѓе се собраа на 30-годишнината од Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
-
Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
-
Приведен кавадарчанец осомничен за кражба
-
Стојкоски: Се подготвува нов закон за усгостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот