Свет
19. јуни 2018 - 15:40

„Нарекувај ме претседател“ – Макрон се налути, бидејќи дете го нарече со непосакувано име

Емануел Макрон е во центарот на еден скандал откако му викаше едно дете. Претседателот на Франција почна да му вика на францускиот тинејџер, затоа што тој му довикна со надимакот „Ману“ и му ја пееше химната на социјалистите пред него.
 
Тоа се случило на северот на Франција, на комеморацијата на генералот Шарл Де Гол, пренесува Ројтерс.
 
Момчето, кое најверојатно има околу 15, 16 години стоеше зад оградата додека Макрон минуваше покрај големиот луѓе стоеше и пееше, пред да на Макрон да му каже: „Што има Ману?“.
 
На тоа Макрон остро му одговори дека не смее така да се однесува, затоа што е на официјална церемонија.
 
-Можеш да се однесуваш како кловн, но ние денеска ја пееме Марсељезата и партизански песни. Нарекувај ме со господине претседателе, кажа Макрон.
 
Детето му се извини, но Макрон продолжи да му објаснува.
 
-Мораш да ги правиш работите на вистински начин. Ако сакаш еден ден да предводиш револуција, прво мораш да стекнеш диплома и да научиш како да заработиш пари за да преживееш, кажа Макрон.
 
Како што се наведува, ова не е прв пат Макрон во јавноста да дели лекции кон оние кои го предизвикуваат или не го почитуваат, а во текот на минатогодишната претседателска кампања кога еден од работниците го обвини дека е „човек во одело“, тој кажа дека „најдобар начин да го платиш оделото е да добиеш работа“.