Напредуваат разговорите меѓу СОНК и Владата
Преговорите меѓу СОНК и МОН бавно, ама напредуваат. На денешната трета рунда од процесот на помирување се разговарало за процентот за покачување на платите на вработените во училиштата и градинките, се чекаат пресметки од МФ. СОНК поднесол и барање до МОН за исплата на цела плата за деновите поминати во штрајк согласно колективен договор и извесно е дека тоа ќе биде сторено, но во градинките има голем проблем и тоа може да стане и пречка во преговорите.
И министерката за труд која треба да даде соглансот за исплата на цела плата во градинките вели дека преговорите се движат во вистинска насока.
За в недела е закажана нова рунда преговори меѓу СОНК и МОН со посредство на помирувачот. Тогаш и истекува последниот рок од првите десет дена во кои може да биде постигнато решение. Но, соглансо законот за мирно решавање работни спорови, ако една од страните не е задоволна рокот за помирување се продолжува за дополнителни десет дена.
СОНК штрајкуваше три недели за покачување н аплатите за 18,4%, понудата на Владата која ја одбија е 12%.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар