Балкан
22. July 2015 - 8:46

Напредуваат преговорите за реструктуирање на грчкиот долг

Преговорите меѓу Атина и нејзините меѓународни кредитори за реструктурирање на грчкиот долг напредуваат, изјави вчера висок претставник на американското Министерство за финансии.

- Пред две седмици дискусијата беше дали воопшто да се поставува на масата на преговори реструктуирањето на долгот. Сега прашањето е каква форма ќе добие реструктуирањето и колку ќе биде големо, рече изворот од Министерството за финансии на САД.