Направил бункер во возилото - го фатиле на Табановце со 24 кила дрога
По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за финансии – Царинска управа, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово оформи предмет и донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против албански државјанин. На лицето му се става на товар дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, кога на 12-ти овој месец, на Граничниот Премин Табановце при излез од Република Македонија, при извршена контрола на патничко моторно возило од страна на царинските службени лица биле пронајдени 24,5 килограми наркотична дрога – марихуана. Дрогата спакувана во пакувања со различни големини била сместена во касета и специјално направен бункер на подот од возилото.
Во текот на вчерашниот ден, надлежниот обвинител изврши распит на осомничениот кој делумно го призна кривичното дело за кое се обвинува. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд – Куманово поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор. Судијата, постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител со Решение на осомничениот му определи мерка – Притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен
-
Општините повторно може да аплицираат за пари од државата за инфраструктурни проекти
-
За поголема безбедност во сообраќајот, Штип го имплементира проектот “Save city”
-
Тренд на интелектуална миграција
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд