Наполи со голема казна за Лукаку, фудбалерот пред заминување

Екипата на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Наполи одреди голема казна за својот играч Ромелу Лукаку. Како што пренесува „Ла Газера дело спорт“ казната изнесува 150.000 евра што е 20 отсто од неговата бруто месечна плата. Со оваа висока казна најверојатно играчот на лето ќе го напушти клубот.
Белгискиот репрезентативец се врати во Неапол од Белгија по две недели отсуство од клубот без дозвола. Тој е под договор со Наполи до следното лето, но најверојатно неговиот менаџер ќе треба веќе ова лето да најде нов клуб за фудбалерот.
Лукаку оваа сезона имаше и повреда на мускул и подолг период беше отсутен од теренот, а сега повторно е во Белгија за да ја санира повредата и евентуално доколку се вклопи во концепцијата на тренерот Антонио Конте да биде во составот за последните три натпревари од Серија А.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
