Напола пониски даноци и осигурувања за романските семејства со трето дете
Бесплатни ин-витро процедури за жени кои не се венчани и намалување на данокот на приход и на трошоците за осигурување за мајки со повеќе од едно дете, се главните новини во новиот закон, што го предложи романската владејачка Социјалдемократска партија.
Како што јави Аџерпрес, целта на овие мерки е да се поттикне наталитетот во Романија.
Според предлогот, вештачкото оплодување не смее да зависи од тоа дали жената е мажена или не е.
За трето дете пак, пратениците предлагаат даночните и осигурителните олеснувања да достигнат и до 50 отсто. Се предвидува и месечна парична помош во висина од половина од минималната плата за семејства со две деца на предучилишна или училишна возраст, а за оние со три деца - една цела минимална плата. Минималната плата во Романија моментно изнесува 1.450 леи (320 евра).
- Додатокот не отпаѓа доколку децата не посетуваат редовно училиште или пак ја повторуваат годината, стои во предлог законот.
Ново на Сител
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата
-
Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи
-
На респиратор новороденчето чија мајка почина во кумановската болница
-
РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври
-
МНР: Нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан
-
На 4 октомври застарува затворската казна на Груевски за набавката на „мерцедесот“