-->
-->
Напнато во Венецуела: Руските војници слетаа во Кавкас, Гаудио го повикува народот: Подгответе се за слобода!
-->

„Во овие летови нема ништо таинствено“, посочува „Спутник“ и прецизира дека едниот авион е „Антонов Ан-124“, а другиот – патнички „Ил-62“. Тие слетаа пред претседателскиот терминал на Меѓународниот аеродром „Симон Боливар“.
Венецуелските власти и руската амбасада во Каракас одбија да коментираат за оваа информација, соопшти АФП. Но венецуелскиот весникот „Ел Насионал“ пишува дека групата е предводена од ген.-полковник Василиј Тонкошкуров, началник на Генералштабот на копнената војска. На аеродромот групата е пречекана од Мариани Мата, која го предводи одделот за меѓународни прашања и интеграција на венецуелското Министерство за одбрана (името и функцијата се споменуваат и во официјалните документи).
„Ројтерс“ соопшти дека двата авиони полетале во петокот за Каракас од рускиот воен аеродром „Чкаловски“ и направиле краток престој во Сирија. Авионот „Ан-124“ полета од Каракас во неделата попладне. Сајтот „FlightRadar“, кој го следи воздушниот сообраќај, потврдува дека авионот со исти броеви полетал од Латакија.
„Ројтерс“ исто го цитира „Спутник“ дека руските трупи пристигнале во Венецуела за „консултации“.
„Русија има различни договори тука, кои се во процес на имплементација, договори од технички воен карактер“, изјавил пред „Спутник“ извор од руската амбасада во Каракас.
Безбедносни мерки
Руските министерства за одбрана и надворешни работи и портпаролот на Кремљ не одговориле на писмените прашања на „Ројтерс“ за авионите во Венецуела. Шпанскиот весник „Ел Паис“ забележува дека тие пристигнуваат откако претседателот Николас Мадуро соопшти дека донел дополнителни мерки за безбедност поради планот на претседателот на парламентот и самопрогласен шеф на државата (признат од десетици држави) Хуан Гуаидо, „да го убие“.
Истите авиони не за првпат се во Венецуела – во декември тие беа придружувани од стратешки бомбардери Ту-160, кои слетаа во Венецуела, пренесе „РБК“.
Според специјализираната агенција „Авиа.про“, цитирана од светските агенции, појавата на руски авиони и голем број војници во Венецуела предизвика еден куп прашања кај експертите, бидејќи според непотврдени информации, Русија се подготвува да распореди во латиноамериканската држава комплетна воена база. Уште повеќе, во интернет беа пуштени и слики на мистериозниот товар кој пристигнал со еден од военотранспортните авиони, забележува „Авиа.про“, повикувајќи се на Телеграм каналот „warsonline“.
„Од презентираните слики се гледа дека не станува збор за храна и лекови, туку за товар со непознат карактер, грижливо покриен со церада и грижливо товарен врз платформа на камион. Според проценки на експерти можеби станува збор за „товар со воен предзнак“, се вели во материјалот.
„Ова може да е што ли не – од ракети за комплексите С-300В, распоредени веќе низ цела Венецуела, до средства за радиоелектронска борба потребни на властите, за да се борат против разузнавачката авијација на САД, која сè почесто се приближува кон границите на Венецуела“, изјави аналитичар за „Авиа.про“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев