Напивки благотворни против анемија
Најчеста причина за анемија (слабокрвност) е недостигот од железо. Без него, човековото тело не може да произведе хемоглобин што им е потребен на црвените крвни зрнца коишто носат кислород. Железото го има во секојдневната исхрана, но и во едноставни пијалаци. Додека некои напитоци (на пр. кафе, чај, газирани сокови) содржат соединенија што може да ја влошат слабокрвноста со блокирање на вносот на железо во крвта, други го подобруваат внесувањето или самите содржат доволно количество железо, витамин Б-12 или фолна киселина.
Сок од портокал
Истражување објавено во „Американскиот журнал за клиничка исхрана“ (American Journal of Clinical Nutrition), посочува дека внесувањето витамин Ц ја зголемува апсорпцијата на железо од храната. Меѓу најбогатите извори на витамин Ц е сокот од портокал – една чаша содржи повеќе витамин Ц од препорачаната доза.
Сокот од портокали е добар избор особено во случај на состојба на анемичност поради недостаток на фолати. Секоја чаша сок од портокал има 74 микрограми фолати. Ова е речиси 19 отсто од дневните потреби за возрасен човек.
Сок од морков
Исхраната во којашто недостасуваат состојки богати со витамин А, може да ја влоши анемијата со недостиг на железо. Жолтите и портокалови овошја и зеленчук, како што се морковите, се добри извори на каротеноиди, коишто се претвораат во витамин А. Покрај сок, стручњаците препорачуваат да се јаде и свеж морков.
Сок од сливи
Можеби не е добар извор на витамин А или Ц, но сокот од сливи е природно богат со железо. Редовното консумирање може да помогне да се намалат симптомите на слабокрвност или недостиг од железо.
Секоја чаша сок од сливи содржи повеќе од три милиграми железо. За мажите, таа количина би била приближно 38 отсто од осумте милиграми препорачана дневна доза железо. За жените, кои треба да внесуваат околу 18 милиграми железо дневно, една чаша сок од сливи би исполнила речиси 17 отсто од потребите.
Млеко
Луѓето кои страдаат од анемија, немаат доволно витамин Б-12, но можат да го надоместат тоа со – пиење млеко. Чаша млеко со мала масленост содржи микрограм витамин Б-12, или половина од препорачаната дневна доза за возрасен.
Ново на Сител
-
Арсеналот оружје во Арачиново припаѓал на 29 годишник од Никуштак
-
Ахмети: Немам контакт со Груби и немам детални информации каде се наоѓа
-
Уапсени 12 жени во угостителски објект во Гостивар: Го злоупотребиле туристичкиот престој
-
Канаваро назначен за нов тренер на Динамо Загреб
-
Путин испрати новогодишни честитки до Орбан и Фицо, изоставувајќи ги останатите западни лидери
-
Леброн Џејмс денеска полни 40 години
-
Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување
-
Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив