„Напишана тишина“ - втора поетска збирка на Јосип Коцев
Издавачката куќа „Или-Или“ во едицијата „Поеза“ ја објави стихозбирката „Напишана тишина“ - втора поетска збирка на Јосип Коцев.
Писателката Лидија Димковска во освртот пишува дека книгата го потврдува огромниот поетски талент на Коцев за кого вели дека е едно од најголемите поетски откритија во македонската литература во последната деценија.
- „Напишана тишина“ е ракопис на ерудит кој не ја изгубил димензијата на срцето во умствените витли на јазикот; напротив, неговото младо поетско перо го возобновува романтизмот на македонскиот јазик што не сме ни сетиле кога исчезнал од параметрите на јазичната функција на зборовите. Метафоризацијата на ситуациите и на состојбите во кои се наоѓа поетскиот субјект е ненаметлива, а моќна. Во поезијата на Јосип Коцев се чувствува вокацијата на поетствувањето како апсолутно вградено во човечката природа на поетот, наведува Димковска.
Јосип Коцев (Скопје, 1985) завршил правни студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Автор е на поетската книга „Јас, Квентин Скриблер“ (2015). Неговата поезија е објавувана во неколку македонски книжевни списанија и на германската поетска мрежа Fixpoetry.
Ново на Сител
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе
-
Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување
-
На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
-
Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата
-
ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“
-
Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан
-
123 санкционирани возачи во Скопје