Напаѓачот од Истанбул бил професионален убиец

Напаѓачот кој на новогодишната ноќ отвори оган врз присутните во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул, при што загинаа 39, а 69 беа ранети, е професионален убиец, оценуваат експертите за безбедност.
Експертот за борба против тероризам Абдулах Агар наведе, дека начинот на кој делувал напаѓачот укажува на тоа дека „тој апсолутно е убиец и дека веројатно убивал и претходно“.
- Напаѓачот е одлучен, самоуверен, практичен, ладнокрвен експерт кој знае како да постигне резултати. Тој најверојатно истрелувал куршуми во првите зони на судири, истакна Агар.
„Хуриет“ пишува дека напаѓачот се борел на страната на џихадистите на Исламска држава (ИД) во Сирија и дека при нападот во Истанбул користи техники што ги научил таму.
Тој покажал оти е добро обучен за користење на оружје, наведува весникот, потсетувајќи дека ИД презеде одговорност за нападот.
Дневникот „Хабер Турк“ пишува дека напаѓачот дошол во Истанбул од градот Коња, заедно со неговата сопруга и двете деца, со цел да не „привлече внимание“.
Турските медиуми објавија денеска „селфи-видео“ на маж за кого тврдат дека е напаѓачот од клубот.
Видеото го прикажува напаѓачот како се снима себеси на плоштадот „Таксим“, но не е јасно дали снимката е направена пред или по масакрот.
Во меѓувреме, турските медиуми објавија информација дека напаѓачот е идентификуван како Ујгур Турку, кој потекнува од „Источен Туркистан“, назив кој се користи за именување на кинескиот автономен регион Синкјанг.
Тој пристигнал во Турција заедно со семејството во ноември, а во Истанбул живее во квартот Зејтинбурн на улица што е густо населена со Ујгури.
Мажот има сопруга и две деца.
Веројатно пристигнал од Сирија, каде се борел на страната на ИД.
Според информациите, приведено е семејството на терористот, чиј идентитет се уште не е официјално обелоденет.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Филипче: Растат авторитетните тенденции
-

“Стоп за Усје” одржа протестен марш во Скопје
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Утре стартува Сејф сити, казните за возачите ќе бидат од 15 до 500 евра и одземање возачки дозволи
-

Апсурдна е пресудата за новинарката Вејсели, реагираат медиумските организации и властите
-

Мицкоски за нон-пејперот на Кос: Наше е да работиме за полноправно членство во ЕУ
-

Доколку и во иднина има блокади на балканските транспортерите штета ќе има цел Балкан, но и Европа
