Напаѓачката од Лугано се појавува во истрага за џихадизам

Дваесет и осумгодишната Швајцарка, која во вторникот повреди две лица со нож во супермаркет во Лугано, била спомената во полициска истрага во врска со џихадизмот, соопшти швајцарската федерална полиција, јави дописникот на МИА од Париз.
Извршителката на нападот, кој во вторникот попладне сериозно повреди една и полесно втора жена, во продавница во овој град во јужна Швајцарија, „и е позната на @FedpolCH од полициската истрага во 2017 година во врска со џихадизам “, твитна федералната полиција, без да даде повеќе детали.
Синоќа, регионалната полиција во Тесан, ја спомена дека можно е да станува збор за напаѓачка со „терористичка мотивација“. Според првите елементи на истрагата, напаѓачката се обидела да ја задави едната од двете жени со голи раце, а втората ја повредила со нож во вратот. Другите клиенти во супермаркетот успеале да ја совладаат младата жена, која е уапсена, додаваат од регионалната полиција.
Истрагата за овој случај ќе ја спроведе федералната полиција, која истовремено на Твитер објави отворање на кривична постапка.
Ново на Сител
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
-

ЦУК: Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и Тетово
-

Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет
-

Од утре дожд, снег и ветер
-

Македонците во Брисел го чествуваа Божик
-

Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за 4,1 процент, а цените на мало за 3,6
-

Во првите десет месеци лани увезени 566,6 тони кафе, најмногу од Бразил, Италија и Косово
